Многумина Вардарци , Скопјани во недела ќе бидат ставени на маки да се одлучат!!! Бидејќи ракометот во Полска почнува во 15-30часот , а фудбалот на Арена Филип Втори во 16-00 Часот.
Поклопувањето на термините на двата дуела на црвено-црните колективи дојде од таму што екипата од Тетово го одби барањето на Вардар меѓусебниот мечот да се презакаже за Сабота со почеток во 16-00 часот како што и официјално беше соопштено во медиумите дека е термин на одигрување. Вардар даде се од себе ја извести федерацијата , организациските работи ги презема за одигрување во сабота ,прати барање до колегите од техничкиот дел на оперативата во Ренова , но од Тетово стигна негативен одговор на ова барање од страна на црвено-црните . Ренова исистирала на недела тврдејќи дека им е потребно ден повеќе одмор од вчерашниот меч во купот , неофициално надевајќи се на ниска посетеност и минимален притисок од трибините очекувајќи ракометот да ги задржи пред малите екрани гледачите.