Вчера во Спортската Сала Кале се одигра натпревар во кадетска конкуренција помеѓу женските екипи на ЖРК Вардар и Овче Поле. Црвено-црните млади ракометарки беа поуспешни во овој дуел забележувајќи убедлива победа над својте врснички со резултат 24:17.
Играта беше солидна со неколку технички грешки, но во текот на целиот меч успеаа да ја сочуваат стекнатата предност од 6-7 гола. И во првиот дел од сезоната, Вардарки забележаа победа на гостувањето во Свети Николе, со четири гола разлика.Најефикасни ракометарки во редовите на Вардар беа :Ива Божиноска, Ана Станикевска и Ангела Карчева.