Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Горан Јовановски: Ја игравме нашата игра, на која противникот неможеше да возврати
Горан Јовановски: Ја игравме нашата игра, на која противникот неможеше да возврати

Горан Јовановски: Ја игравме нашата игра, на која противникот неможеше да возврати

Избраниците на Зоран Петковски славеа убедливо во последното коло на кадетската лига. На гостувањето во Струга забележаа висока победа од 27:41.

-Се спремавме за натпревар кој ке биди од потежок карактер, но испадна обратно. Нашата ротација како и во предходните утакмици повторно стапи на сила и веќе во првото полувреме направивме убедлива разлика. Немаше многу промени во второто полувреме. Ние не се опуштивме ја игравме нашата игра а тие на тоа темпо неможеа да ни возвратат, така што мечот  заврши со уште поубедлив резултат од првото полувреме, со 14 голови разлика.

На крајот од сезоната, кадетите имаат забележано 11 победи и 1 пораз. Конечниот исход за титулата ќе се почека, откако Металург ќе го одигра својот натпревар против Струмица.

-За општо целата сезона нема многу да додадам. Сите играме во добра форма тренираме максимално и се спремаме за секој натпревар без оглед за каков противник се работи. Сега уште не се знае местото во групата, но не е толку битно. Ние ова пролетна полусезона остваривме 6 од 6. Сега следно е турнирот во Босна во кој повторно одиме и целиме кон првите три места, изјави Горан Јовановски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски