Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “Стариот должник“ повторно ќе ни стои на патот до Европската круна
“Стариот должник“ повторно ќе ни стои на патот до Европската круна

“Стариот должник“ повторно ќе ни стои на патот до Европската круна

Македонскиот Шампион, екипата на Вардар за противник во полуфиналето на завршниот турнир повторно ја доби екипата на Будуќност од Подгорица. Ова ќе биде реприза на полуфиналето од минатата сезона, кога дури по продолженијата Црнагорките имаа повеќе среќа и се пласираа во финалето. Извлекувањето сакаше повторно овие две екипи да се судрат и да ги одмерат силите. Веќе два пати играа оваа сезона во групата Б. Будуќност славеше на првиот меч на домашен терен со резултат 23:17. Во С.Ц. Јане Сандански дуелот заврши нерешено 24:24. Тоа беше и единствениот бод кој го изгубија Црнагорките во двете групни фази. Во сите останати натпревари без поголеми проблеми забележуваа победи.

Црногорскиот шампион има богата историја зад своето име. Има освоено 26 трофеи во домашното првенство, 19 трофеи во националниот куп, 5 во регионалната лига, 1 освоен ЕХФ куп, 3 трофеи во купот на победници на куповите, и 1 титула во Лигата на Шампионите. Екипата последните години ја предводи искусниот Аџиќ, а покрај него за помошник ја има Бојана Поповиќ. Романската репрезентативка Кристина Неагу е убедливо најдобриот голгетер на оваа екипа, и прва на листата на стрелци во ЛШ со вкупно 92 погодоци. Најголема подршка и е секако Катарина Булатовиќ која оваа сезона се врати во својата татковина и има забележано 53 голови. Секако ако треба уште некоја да се издвои тоа се сигурно пикерот Цвијиќ и голманот Клара Волтеринг. Нивната најсилна точка е силната и цврста, на моменти и груба одбрана.

Нема многу скриени адути во двата табора, доволно се познаваат двата тима и нивните играчи. Нашиот тренерски тандем Индира-Питлик имаат доволно време да го анализираат противникот и да се пронајде најслабата страна на оваа екипа. Очекуваме голема војна на теренот, борба за секој гол и топка. Време е сметките да се расчистат,а овој дуел е како порачан за девојките, за остварување на најслатката победа и пласман во големото финале. Мечот е закажан за 9-ти мај со почеток од 16:45 часот.