Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ: БК Вардар со учесници на Европските олимписки игри , ФБСМ “спие“ крајно несериозна за овој голем спортски настан .
БОРЕЊЕ: БК Вардар со учесници на Европските олимписки игри , ФБСМ “спие“ крајно несериозна за овој голем спортски настан .

БОРЕЊЕ: БК Вардар со учесници на Европските олимписки игри , ФБСМ “спие“ крајно несериозна за овој голем спортски настан .

Нашите борачи од БК Вардар ќе учествуваат на Европските Олимписки Игри , но колкава е преданоста на Вардарци толкава е несериозноста од ФБСМ за овој голем спортски настан .

Веќе од МОК се испратени картите за Првите Европски Олимписки игри во Баку. Први место во  Македонсиот   Олимписки тим обезбедија ВАРДАРЦИТЕ :

  • Халил Зубаиров -Слободен стил до 86 килограми и
  • Тимур Хамикоев – Грчко-римски стил до 85 килограми .
  • Проф.Љубиша Пешко- Тренер .

И ако од Вардар велат дека не е јасно воопшто зашто ФБСМ во никој случај не го има пријавено до МОК и вториот тренер кој доаѓа од нашите редови Гајдар Гајдаров!? Од таму имаат уште неколку прашања до ФБСМ како тоа и зашто никој од Федерацијата не се потруди да ги возврати потрошените срества на спортистите за учество на Европското првенство во Полска? Исто така зашто никој од ФБСМ не им овозможува нормални подготовки на Вардаровите репрезенативци? Каде се логистиката , медицинската поддршка , потребните спортски реквизити?

Нашите искусни боречки стручњаци Пешко и Гајдаров не се волшебници да “раѓаат“ медали на големите манифестации без никави услови за работа . Доколку во наредните 50 дена до почетокот на Е.О.И во Баку не се обезбедат барем 20 дена правилна подготовки , со спаринг партнери и контролни патпревари, систематска исхрана и суплеманти за востановување на организмот -тешко дека ќе се освои некој забележителен  резултат .

За крај од БК Вардар порачуваат : Ние само да учествуваме на Европските Олимписки игри -не сакаме , доколку учествуваме ќе одиме да победиме .

На овие и низа други пропусти кои пречат за постигнување на подобар резултат, ни укажа Претседателот на БК Вардар господинот Далибор Милановски.