Во недела навивачката групата Комити ќе навива на два важни натпревари на црвено-црните спорски колективи. Комити се познати по тоа што фудбалскиот клуб го следат на секој меч секаде , а на ракометниот на мечевите во Лигата на Шампионите во Јане Сандански прават пекол, добро познат за целата ракометна јавност на “Стариот Континент„ .
Првиот меч стартува во 15часот и 30 минути во недела. Тоа е меч од ракометната лига на Шампиони каде Комити ќе заминат во сабота на пат низ неколку земји до Полска, каде ќе се обидат да бидат ветер во грб на ракометарите кој носат два негатива. Останатитот дел од Комити половина час подоцна им почнува мечот на Арената Филип Втори со тимот на Ренова. Тоа е домот на Комити легендарната трибина “Запад“ каде и се родени далечната 1987 година и каде неприкинато до ден денес даваат подршка на својот ФК Вардар.