Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Каков натпревар во Скопје на Вардар и Будуќност
Каков натпревар во Скопје на Вардар и Будуќност

Каков натпревар во Скопје на Вардар и Будуќност

Вистински атомски ракомет се играше вечерва во СЦ.Јане Сандански !
Љубителите на ракометот можеа да уживаат во оваа средна,избраничките на Кастратовиќ и Аџиќ пружија меч за паметење.

Пред полни трибини,пред 6.000 луѓе,Вардарки одиграа меч за паметење,натпреварот започна црврсто,како што се очекуваше,противникот играше груб ракомет како и секогаш,судиите имаа многу работа за еден тип на женски ракомет.Првите петнаесетина минути се играше со блага доминација на црногорскиот преставник со еден до два гола разлика,но во втората фаза од натпреварот работирте се сменија и Вардар ја диктираше играта.На одмор се замина со предност на Будуќност од минимални +1.Голема невоља дојде при крајот на првото полувреме кога за жал се повреди најдобрата ракометарка за 2014 Лекиќ која мораше да ја напушти играта.

Во вториот дел на нејзино место влезе младата Русинка Ихнева,која довербата ја оправда со самото влегување каде што на неколк наврати според ракометен заргон кажано ја извади од патики Драгана Цвииќ со одлични потези и голови.

Последните десет минути наликуваа на вистински финален натправар,и борба за титула,се играше гол за гол.во последните напади Вардар влезе со предност од +1 но за жал по еден несреќен напад при крајот место да ја зголемиме предноста на +2 и победа,дозволивме гостинките да имаат напад и за жал постигнаа гол за конечни 24:24.

Како и да е,ова беше меч за памтење,убав за око,атракции,голови,на двете страни,за напомена е одличната партија на Андреа Пенезиќ која даде (9) гола,и џокерот на овој меч Алена Ихнева со (5) погодоци.
Се надеваме дека со Андреа Лекиќ ќе биде се во ред уште денеска !

Фото:жрквардар.мк

16.11.2014

Leave a Reply