Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Уште еден натпревар,втор во низа на Вардар и Подравка
Уште еден натпревар,втор во низа на Вардар и Подравка

Уште еден натпревар,втор во низа на Вардар и Подравка

Низата мечеви на овие два противника продолжи овој пат во Скопје во СЦ.Јане Сандански пред повеќе од 4.500 гледачи.

Почетокот на мечот наликуваше дека шампионот на Македонија ќе има лесен и мирен натпревар,за разлика од Хрватска.Првите петнаесетина минути започнаа фуриозно за нашите девојките,одлична игра одлична одбрана,одлична Ина Суслина која продолжи во сите триесет минути од првиот дел.

Во вториот дел ЖРК Вардар само ја надоградуваше играта,во која уживаа сите љубители на ракометот во салата,и пред малите екрани.
Кон крајот на натпреварот за одбележување беше дека добија шанса сите ракометарки,како и надежите на нашиот женски ракомет Петковска,Стојановска, и Митова.За напомена се и (29) одбрани на капитенот Суслина.
Натпреварот заврши со одлични 35:25 за нашиот шампион.

Фото:жрквардар.мк

Leave a Reply