Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Триумфално минување на Жрк Вардар во Копривница
Триумфално минување на Жрк Вардар во Копривница

Триумфално минување на Жрк Вардар во Копривница

Шампионот на Македонија забележа значајна победа над Подравка со минимални 26:27
На оваа инфаркт средба,избраничките на Кастратовиќ играа топло-ладно,на кој сме навикнати да ги гледаме од минатата сезона.Натпреварот започна тесно,гол за гол,по првите петнаесетина минути,во втората фаза од првиот дел Вардарки започнаа да играат убав ракомет за око,без технички грешки и заминаа на одмор со два гола предност.

Во второто полувреме,следи изедначена борба на двата тима.Вардар најпрво успева да израмни,а со голот на Радичевиќ и да поведе после подолго време.Резултатот во 37 минута гласи 15:16 во корист на Вардарки.Кога сите помисливме дека Вардар ќе се одлепи на поголема предност,следи демант од нивна страна.Повторно проработува бековската линија на Подравка,со голот на Татари резултатот е 21:19.Пенезиќ можеби најдобриот играч на Вардар за овој меч,успева да постигне два гола по ред.Повторно успеваме да поведеме и со два гола разлика,со голот на Николиќ од пенал со лоб удар.Резултатот во 56 минута е 23:25 за Вардарки.При резултат 25:26,Суслина успева со една феноменална одбрана да спречи израмнување.Конечниот резултат гласи 26:27.

Лекиќ беше најефикасна со 7 гола,ја следеше Пенезиќ со вкупно 6 постигнати гола.Ина Суслина забележа 15 успешни одбрани.

02.11.2014

Фото:жрквардар.мк

Leave a Reply