Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Феноменалната Суслина,за прва победа на Жрк Вардар во ЛШ.

Феноменалната Суслина,за прва победа на Жрк Вардар во ЛШ.

Избраничките на Индира Кастратовиќ ја забележаа првата победа оваа сезона во Лига на Шампионките против стариот познаник Германски Турингер.

Пред повеќе од 3.000 гледачи во новата сала СЦ.Јане Сандански,Вардарки успеаа да ја израдуваат Црвено – Црната армија навивачи прв пат сезонава.Натпреварот започна навидум лесно за око,девојките ја контролираа играта,со атрактивни контри,потези направија скопската публика да ужива во сите 60минути од средбата.

phoca_thumb_m_Image00017

Фото:жрквардар.мк

Како одминуваше првиот дел,вардарки беа се по расположени за игра,и да докажат дека и оваа сезона ќе бидат конкуренти за највисок пласман во Л.Ш,а зашто да не и пехар. На пауза се замина со високи +6 за првакот на Македонија.

Во вториот дел се осети уморот кај германките,кој дојдоа со само десет ракометарки на оваа средба во Скопје.Во вториот дел Инди им даде шанса на сите ракометарки кој ја искористија својата шанса и постигнаа погодоци.

Второто полувреме започнува со голот на Андреа Лекиќ за предност од 13:10,и со многу подобра игра на избраничките на Кастратовиќ.Пенезиќ се покажува како многу добро засилување за Вардар,со нејзините погодоци се зголемува предноста на Вардар.Во 38 минута имаат најголема предност од четири гола до тие моменти.Во следните десет минута од натпреварот се игра гол за гол на двете страни.Во последните десет минути,Вардар влегува со предност од пет гола,која успева да ја задржи се до крајот на мечот.

Најпрецизна беше Андреа Пенезиќ со 8 постигнати гола,Лекиќ додаде 5 гола.На голот феноменалната Суслина имаше 25 успешни интервенции.Во следното коло,Жрк Вардар гостува во Копривница на екипата на Подравка.

25.10.2014

 

Leave a Reply