Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци спремни, Душебаев ги мотивира играчите на Киелце
Вардарци спремни, Душебаев ги мотивира играчите на Киелце

Вардарци спремни, Душебаев ги мотивира играчите на Киелце

Вардарци се подготвени, и ветуваат деќа ќе го дадат својот максимум од себе, да одиграат еден меч за паметење, и да се пласираме на историското полуфинале за Вардар.
Во Полска ќе бркаме негатива од два гола, тешко ќе биде, но како што истакна и Филип Лазаров капитенот на Вардар, и тренерот Раул Гонзалез Гутиерез, Вардар не оди со бело знаме во Полска, ќе се обиде да одигра одличен меч како оној со Хамбург минатата година во Германија, или оној со Висла на домашен терен, ќе биде многу тешко, но чуда во ракометот секогаш се случуваат, па нека се случи и во недела.

Исто така излезе и интересно видео во кое тренерот на Киелце, Талант Душебаев ги мотивира своите играчи за неделниот натпревар со Вардар.
И самиот Талант е свесен дека натпреварот со Вардар не е решен, и предвреме им даде дознење нас своите  ракометари, да не го потценуваат противникот и да одиграат сличен меч како во Скопје.

Ние се надеваме дека нашиот Вардар ќе одигра одличен меч, и сите заедно ќе се радуваме на крај, одиме по изненадување во Полска!
Фото: rkvardar.mk