Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Комити > КОМИТИ: ВРЕМЕ Е ЗА ДЕРБИ
КОМИТИ: ВРЕМЕ Е ЗА ДЕРБИ

КОМИТИ: ВРЕМЕ Е ЗА ДЕРБИ

Утре со почеток во 18-00 часот е закажано градското дерби помеѓу Вардар и тимот на Работнички . Комити навивачката група на Вардар излегоа со соопштение за својте членови за мечот кој е пресуден за титулата во домашниот фудбалски шампионат, во кој црвено-црните влегуваат со предост од три бода . Во соопштението за мечов се вели следново :

Утре ќе биде првиот од двата директни дуели до крајот на сезоната со единствениот конкурент за титулата, соседите од Градски стадион, тимот на Работнички. Вардар ја пропушти шансата да избега на 6 бода разлика од Работнички и во наредниот дуел практично да ја осигура титулата, па се најдовме во ситуација со пораз во градското дерби да влеземе со изедначен број на бодови во последната фаза од првенството.
Незадоволството од играта на Вардар во последните натпревари е големо меѓу навивачите на нашиот тим, и за жал повеќето се решаваат на бојкот на натпреварите, одлука која највеќе им одговара на оние кои треба да превземат одговорност, но ги нема никаде да го направат тоа. Токму тие ликови имаат среќа што работат во Македонија, затоа што во посериозна земја веќе ќе ги пакуваа куферите поради притисокот од публиката. Како и секогаш, ние стоиме зад Вардар и ќе ги поддржиме играчите кон нова победа. Победа против Работнички не носи на чекор до титула, затоа секој што се чувствува како навивач на Вардар, во вторник треба да даде свој придонес на трибината. Заедно стоиме зад секој кој се бори за црвено-црниот дрес, но и заедно бараме промени и изразуваме револт на трибина доколку видиме непочитување на боите на нашиот клуб и несоодветна работа на одредени членови на клубот без разлика дали се фудбалери или дел од управата. Поддршката се дава од трибините, промени се издејствуваат од истото место!
Сите на Градски, одиме кон титула, кога Вардар не може да слави со 11 играчи на теренот, да им бидеме 12-иот играч кој ќе ги донесе толку посакуваните три бода од комшиското дерби.
-Собир во 16.00ч на Фонтана. Карта 50 со членска,100 без членска.
СИТЕ НА ЗАПАД! ИГРА ВАРДАР