Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > “Сакаа двојна круна зедоа ништо”..

“Сакаа двојна круна зедоа ништо”..

Екипата на Шкендија остана со празни раце оваа сезона. Тимот од Тетово во финалето од Купот на Македонија загуби од битолски Пелистер на пенали. По овој пораз на лутиот ривал на Вардар, капитенот на “црвено – црните” во стилот на Пике на социјалните мрежи напиша.

„Сакаа двојна круна, а земаа ништо. Ај, другата година“, напиша капитенот на Вардар.

По овој натпревар веќе се познати новите освојувачи на титули оваа сезона, а тоа се: Вардар (шампион на ПМФЛ) и Пелистер (Освојувач на Купот).