Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар и Вардар СЦЈС ќе играат за титулата
Вардар и Вардар СЦЈС ќе играат за титулата

Вардар и Вардар СЦЈС ќе играат за титулата

Во женскиот ракомет оваа сезона доминира само екипата на Вардар. Вчера во полуфиналните натпревари и двете екипи на Вардар славеа победи над своите ривали, па така во денешното финале за титулата ќе се борат сестринските екипи на Вардар и Вардар СЦЈС.

Овој натпревар ќе биде одигран попладнево со почеток во 15 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански” во Скопје. Огромен фаворит за титулата секако дека е поискусниот тим на Вардар, иако девојките од помладиот тим најавуваат дека ќе играат со сите сили за што е можно поголем отпор да му дадат на првиот тим на Вардар.

По овој натпревар за жал од таборот на ЖРК Вардар заминуваат неколку ракометарки. Херем, Дамњановиќ и тн денеска ќе го одиграат последниот дуел во “црвено – црниот” дрес.