Денеска на градсиот стадион во Скопје беше забележан Јован Костовски, поранешниот напаѓач на “црвено – црните”. Популарниот Јове сите вардарови навивачи добро го паметат од настапите во дресот на Вардар во сезоните од 2004 до 2008, и поготово во сезоната 2012-2013, кога на 47 натпревари постигна 27 погодоци. Костовски моментално настапува за тимот на Леувен во втората лига на Белгија.