Тренерот на ФК Вардар, Гоце Седлоски им даде поголем летен одмор на двајца наши играчи. Интернационалците од Ерменија односно Бразил, добија заслужен одмор, тие ќе одмараат се до почетокот на подготовките за квалификациите во Лигата на шампионите.
Барсегјан и Балотели може да се каже дека одиграа една добра сезона, посебно тоа важи за ерменецот кој настапи само оваа пролет во дресот на Вардар а постигна седум погодоци. Балотели пак, оваа сезона на 11 пати се запиша во листата на стрелците.