Во пресрет на завршниот турнир во Келн, кој на програмата е на 3 и 4-ти јуни, ЕХФ направи избор на најдобрите одбрани на завршните турнире во претходните сезони. Таму имаше место за Арпад Штербик, но како голман на Барселона. Една негова одбрана е на дуелот против Хамбург и тоа кога Домагој Дувњак настапуваше за оваа екипа, а другата е против Момир Илиќ од екипата на Веспрем.
Штербик оваа сезона се наоѓа во одлична форма и треба да биде еден од адутите на Вардарци, во походот за освојување на европската титула. Токму неговата поранешна екипа, Барселона ќе ни стои на патот до големото финале. Арпад има несомнено големо искуство од завршните турнири, каде освојуваше трофеи со екипата на Суидад Реал. Се надеваме дека Вардар ќе биде неговиот с еден тим, со кој ќе успее да ја подигне европската титула.
Видеото со најдобрите одбрани можете да го погледнете ТУКА.