Македонската женска ракометна репрезентација ја очекуваат натпревари против Шведска, во рамките на баражот за пласман на светското првенство, кое оваа година ќе се одигра во Германија. Селекторот и тренер на Вардар СЦЈС, Симе Симовски го објави списокот на ракометарки, на кои може да смета за двомечот против Шведска. На него се најдоа осум играчи од ракометниот клуб Вардар, седум од екипата на Вардар СЦЈС и една од Вардар. Драгана Петковска, Теодора Керамитчиева, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Маја Трпковска, Сара Митова, Наташа Нолевска од Вардар СЦЈС и Сара Ристовска од Вардар ќе ги бранат боите на репрезентацијата, за бараж натпреварот со Шведска.
Првиот натпревар на овие две репрезентации се игра на 10-ти јуни во С.Р.Ц. Кале, додека реваншот е закажн за три дена подоцна, во Иштад. Победникот од овој двомеч, ќе се пласира на светското првенство во Германија.