Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар го освоија купот на Македонија, откако денес на теренот “Билјанини извори“ во Охрид во големото финале ја победија екипата на Работнички. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 2:1.
Тренерот Сашо Тодоровски го стартуваше мечот со следниве 11-сетмина: Тимевски, Радевски, Антовски, Пешевски, Ѓорѓиески, Димов, Битиќи, Адем, Бериша, Колевски, Реџепи.
Екипата на Работнички прва го отвори резултатот и тоа уште во третата минута, за голема радост на противникот. Резултатот од 1:0 беше актуелен и по одигрувањето на првите 45 минути. Голема борба се водеше на теренот во второто полувреме. Двете екипи имаа свои минути на теренот и шанси, но резултатот не се менуваше. Избраниците на Сашо Тодоровски за само три минути успеваат да го матираат противникот и со два гола да направат резултатски пресврт. Најпрво на 1:1 во 77 минута резултатот го израмни стоперот Александар Ѓорѓиески. Додека да се соземе противникот од примениот гол, следува и втор во нивната мрежа. Водство на црвено-црните од 2:1м носи Јакуп Бериша за голема радост на екипата на Вардар, откако влезе во игра во 63 минута. До крајот немаше многу време и судијата отсвири крај на натпреварот.
Во игра во второто полувреме влегоа уште како што напоменавме Бериша и Дарлишта.
Пионерите на тој начин го одбранија трофејот од купот, освоен од минатата сезона кога во финалето на ФФМ го победија Милано. Пионерите беа наша единствена екипа која играше во финалето на купот и кои го освоија.