Вардар eден и два од генерацијата 2007 се пласираа во полуфиналето од Детската лига. И двете екипи на Вардар денеска одиграа одлично, следуваат натпревари во полуфиналето.
На почетокот на првиот дел по една шанса имаа Киш Марко и Петар Мицевски, првиот гол за 1:0 го постигна Петар Мицевски кој биеше одлично под пречката за 1:0. Потоа следуваше и гол на Александар Грашески за 2:0. Третиот и четвртиот погодок беа дело на Милош Спасовски и Борјан Томовски. Потоа следуваа уште еден гол од пенал преку Стефан Младеновски. Следуваше одлична одбрана на Лука Јаневски, до крјаот на првиот дел во листата се запиша уште и Младеновски за 6:0.
Вториот дел Вардар го одигра исто така фуриозно исто како и првиот. Следуваше уште еден погодок на Стефан Младеновски за 7:0. Младеновски влезе во гол шоу, следуваше уште еден погодок за веќе убедливи 8:0. Деветиот погодок беше дело на Киш Марко, до крајот на мечот во листата се запишаа уште и Грашески на два наврати од кои еден пенал. Погодија уште и Лебариќ и Томовски за конечни 13:0.
Вардар (2) од генерацијата 2007 се пласираше во полуфиналето во Детската лига. Попладнево нашиот тим со резултат 7:1 го победи тимот на Академија Пандев.
Уште од самиот старт на натпреварот Вардар започна напаѓачки. Првиот погодок на овој натпревар го постигна Вардар преку играчот Петар Котевски за голема радост и предност од 1:0. Вториот гол Вардар го постигне преку пенал, беше досудена најстрога казна, реализатор беше Никола Јовановски за предност од 2:0. Следен кој се запиша во листата за веќе 3:0 беше играчот Котевски кој го постигна својот втор гол денеска. Вардар не застана тука до крајот на првиот дел постигна уште еден погодок преку Филип Кузаревски за 4:0.
Во вториот дел шанса добија сите играчи во ростерот. Следен кој се запиша во листата беше повторно Никола Јовановски со еден одличен погодок. Потоа следуваше и пенал за Пандев, еден нивни играч биеше прецизно за намалување на 5:1. Следуваше нов гол на Вардар, хет-трик постигна Никола Јовановски за веќе убедливи 6:1. До крајот на мечот беше досуден уште еден пенал за Вардар, овој пат биеше Радески но голманот на Пандев одлично одбрани. До крајот на мечот се запиша во листата и Младен Тарчуловски за конечни 7:1.