Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Финале! ФК Вардар генер.2006 со победата во 1/2фин. над А.Пандев си завери “билет“ за големото финале
Финале! ФК Вардар генер.2006 со победата во 1/2фин. над А.Пандев си завери “билет“ за големото финале

Финале! ФК Вардар генер.2006 со победата во 1/2фин. над А.Пандев си завери “билет“ за големото финале

Во полуфиналето од детската лига кај момците родени во 2006 година се сретнаа ФК Вардар (1) и силниот тим на ФК Академија Пандев од Струмица. Во ова дерби момците на Филип Арсовски, ФК Вардар генерација 2006 дојдоа до победа со 4-0 (2-0) со која си обезбедија меч во големото финале .

1
Натпреварот почна со две прилики за црвено-црните, не имавме офанзива од почетокот. Првите две прилики за нас ги имаа Давид Голубов и Марко Николовски. Продолживме со атак и во продолжение прилика имаше Галевски Кристијан која не ја реализираше, а веднаш потоа крај голот шутна Голубов Давид. Конечно го скршивме отпорот на струмичани за 1-0 погоди Коловски Стефан. Офанзивата беше постојана во продолжение, Голубов шутна силно сепак голманот на Академија Пандев одбрани. Истиот играч успеаа да погоди во продолжение за 2-0, Голубов силно шутна топката мина низ нозете на голманот на Академија Пандев. Потоа имавме серија прилики сепак неуспеавме да постигнеме до крајот на првиот дел третти гол. На одмор заминавме со предност од 2-0 на овој полуфинален натпревар.

4
Вториот дел почна со шанса за струмичани и одлична одбрана на Данстак Андреј кој денес бранеше изворендно и во четврт и во полуфиналето. Милоски Александар имаше одлична прилика за нов гол која за жал не влезе во мрежата. Олег Трифуновски по одлична асистенција на Коловски Стефан успеа да погоди за предност со резултат 3-0. Следеа серија шанси за нас кои ги имаа неколку играчи на црвено-црната генерација родени 2006 година. Најпрвин Олег Трифуновски шутна крај голот на противникот, потоа шанса имаше Сековски кој не успеаа, а последната прилика ја имапе Голубов Давид чии удар отиде над гредата од голот на струмичани.

3

Конечно дојде награда за нашата добра игра успеавме да погодиме за зголемување на резултатот на 4-0. Стрелец за четвртиот воедно и последен погодок за ФК Вардар (1) генерација 2006 во полуфиналето беше Коловски Стефан. До крајот имаше една прилика за противникот која лесно ја одбрано оличниот Данстак.

Со оваа победа си закажавме финале во петок со екипата на Ал Барса.