Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар(2) генер.2004 стана Шампион на Македонија, Шкендија мораше да се теши со “сребро“
ФК Вардар(2) генер.2004 стана Шампион на Македонија, Шкендија мораше да се теши со “сребро“

ФК Вардар(2) генер.2004 стана Шампион на Македонија, Шкендија мораше да се теши со “сребро“

Денес во големото финале кај највозрасната категорија во детската лига генерација 2004 се одигра дерби средба помеѓу Вардар(2) и екипата на Шкендија. Во еден возбудлив и цврст дуел победникот се реши на пенали, повешти беа нашите момци предводени од Ане Андовски со што станаа шампиони на Македонија.

Прва голема шанса на овој дерби финален дуел имаше Марио Ричков чии удар заврши крај голот на тетовчани. Тасев во следната шанса го спаси нашиот гол по едне незгоден удар на Шкендија. Тетовскиот тим поведе со 0-1 од слободен удар на овој натпревар. Ние напаѓавме во продолжение имавме повеќе од играта,  Димитар Стоимов се обид, но неговиот удар отиде над гредата.  Две големи прилики за гол имаше Георг Стојановски, двата негови удари завршија крај голот на тетовските црвено-црни.  Конечно му се посреќи на Георг Стојановски, тој доби прилика да изведе пенал по три корни за нас, истиот го претвори во гол за изедначување 1-1. Сепак за жал по еден кикс на Тасев екипата на Шкендија поведува со 1-2, резултат со кој се замина на одмор во ова финале кај генерацијата родени 2004 година.

b3

Вториот дел беше приказна за себе тој како и првиот беше тежок напорен со многу борба на двата тима, истиот изобилуваше со многу шанси дуели и цврста игра.  За жал бевме на “работ од безната“ која по нова грешка на Тасев, тетовчани поведоа со 1-3 во ова финале на почетокот на вториот дел. Ние дадовме во продолжение максимум за да се вратиме во ова финале. Од пенал Георг Стојановски со неговиот втор погодок успеа да намали на 2-3. По асистенција на Георг Стојановски погодува за 3-3 Марио Ричков во продолжението. Сепак овој меч изобилуваше со возбудувања и веднаш Шкендија врати поведувајќи со 3-4 пред финишот на овој натпревар. Напаѓавме за изедначување кое дојде преку Георг Стојановски, тој стрелаше за 4-4. Потоа Ричков се обиде сепак голманот на тетовчани го одбрани неговиот удар. Голманот Тасев со одлична интервенција го спасува совјот гол и не одржува во “живот“ во клучните моменти од дуелот.  Неизбежни беа пеналите на овој силен и динамичен дуел.

b1 b2

Пенал рулетот почна со одбрана на Тасев и погодок на Огнен Здравковски со што поведовме со 1-0. Во втората серија противникот изедначи на 1-1, а Ричков промаши. До крајот двапати бранеше Тасев и противникот еднаш промаши, за нас стрелаше успешно Каровски Сандро, а Георг Стојановски промаши. Со оваа победа дојдовме до злато во оваа највозрасна генерација во детската лига.