Денеска на терените на Академијата на Вардар во Градски парк, присуствуваше ТВ екипа од Келн – Германија. Главна цел на ова нивно доаѓање беше новиот спортски директор на ФК Вардар, Дарко Панчев златната копачка на Европа.
Панчев говореше за златната копачка, потоа за новата функција во Вардар како и Академијата. Да потсетиме дека Панчев еден период и настапуваше во Германија.