Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите убедливи на гостувањето кај Ренова, додека младинците загубија минимално од истиот противник
Кадетите убедливи на гостувањето кај Ренова, додека младинците загубија минимално од истиот противник

Кадетите убедливи на гостувањето кај Ренова, додека младинците загубија минимално од истиот противник

Денес се одигра последното коло во првенството на младинските фудбалски категории. Кадетите и младинците гостуваа во Тетово на екипата на Ренова. Кадетите триумфираа убедливо со резултат 1:6, додека нашите младинци го загубија натпреварот минимално со резултат 0:1.

Избраниците на Влатко Колев, кадетите на убедлив начин ја завршија сезоната, совладувајќи ја екипата на Ренова со резултат 1:6. Уште во првата минута на натпреварот успеваме да поведеме со 0:1, со погодокот на Александар Трајчевски. По само единаесет минути игра, односно во 12-тата следи нов погодок и повторно во мрежата на домашната екипа. Стрелец на голот за зголемување на 0:2, беше Дејан Стоименов. Вардар доминираше на теренот и често притискаше на половината на противникот, што им овозможија неколку добри шанси. До крајот на првото полувреме искористивме уште две, кои ги претворивме во гол. а само пет минути, најпрво во 17 минута, Вардар доаѓа во водство од 0:3, со голот на Христијан Стојчевски, додека во 22 минута за убедливи 0:4, погодува Јахја Абдулхади. Ова беше резултат актуелен на полувреме.

Во 55 минута од второто полувреме, домашната екипата на Ренова успева да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 1:4. Вардарци не застанаа и продолжија со добрата игра и во овој дел од натпреварот. Во листата на стрелци во 60 минута се запишува и нововлезениот Александар Ѓорѓиески, за предност од 1:5. Последниот гол на натпреварот го постигнавме во 70 минута и тоа со гол на уште еден играч од пионерската екипа, кој доби шанса на овој натпревар за кадетите. Стрелец на голот за 1:6 беше Кренарт Дарлишта. Ова беше конечен резултат на крајот од натпреварот.

ФК Вардар: Зибери, Радевски, Калчиноски, Јордановски, Димов, Стојчевски, Стоименов, Јахја, Насковски, Скендерски, Трајчевски.

Во игра во второто полувреме влегоа Ѓорѓиески, Дарлишта, Битиќи, Адем, Пешевски, Стојчески, сите од пионерскиот соста, како и голманот на помалдите пионери, се работи за Матеј Андов.

Натпревар одигра и нашата младинска екипа, против врсниците од Ренова, кои загубија минимално со резултат 1:0. Единствениот гол на натпреварот падна во 61 минута од мечот, а голот за домаќинот го постигна Хамити Арнит.

ФК Вардар: Тимевски, Џуклески, Ричков, Исмаил, Б. Тодоровски, Маркоски, Димов, Додевски, Димитровски, Најдоски, Даци.