Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против Борец на 7 јуни

Вардар против Борец на 7 јуни

Прославата на новата шампионска титула во домашниот шампионат е одложена за 7ми јуни. Причина за ова е настапот на РК Вардар на завршниот Ф-4 турнир во Келн кој ќе биде одигран овој викенд.

Ова значи дека Вардар титулата во домашниот шампионат ќе ја подигне идната среда и тоа во Велес. Се надеваме дека оваа титула нема да биде последна оваа сезона. Очекуваме и многу возбудлив турнир во Келн на најдобрите четири екипи оваа сезона во Европа.