Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Лошо издание за младинската машка репрезентација на турнирот во Унгарија

Лошо издание за младинската машка репрезентација на турнирот во Унгарија

Машката младинска ракометна репрезентација неславно го заврши учеството на турнирот во Унгарија. Оваа репрезентација во која најголем дел ја сочинуваат ракометари од најдобрите младински екипи кај нас, Вардар и Металург доживеаа три порази од исто толку мечеви на турнирот. Против Хрватска загубивме ( 27:16) , Норвешка (33:28) и од домаќинот, селекцијата на Унгарија( 36:27). Оваа репрезентација слаби резултати бележеше и на меѓународниот турнир “Бугојно“ кој се играше во БиХ.

Дури осум ракометари на Вардар беа дел од овој состав на денес завршениот турнир во Унгарија. Што побргу да се заборават овие лоши резултати и да се работи понапорно во иднина, бидејќи оваа селекција треба да го сочинува во иднина и костурот на сениорската репрезентација.