Вардар е пред историска можност да обезбеди големо финале во лигата на шампиони. Нашите играчи нема да бидат сами во Келн и ќе имаат поддршка од своите навивачи, во “Лаксес арената“ каде ќе се игра натпреварот.
Се надеваме дека нивната поддршка ќе им помогне на Вардарци, на крајот да слават победа и да се пласираат во финалето. Очекуваме громогласно навивање во текот на целиот натпревар и на крајот сите заедно да го прославиме триумфот на нашиот шампион.