Битката за титула е во самиот зенит веќе среда е првиот меч за црвено-црните со комшиите од Градски Парк тимот на ФК Работнички , во недела гостуваме кај екипата која ни го нанесе единствениот пораз оваа пролет ФК Шкендија и тоа во Куманово на Стадионот на Башкими.
Македонската телевизија реши овие два важни меча на кој се очекува да се промовира Вардар во шампион по девети пат да ги пренесува во живо. За сите кој го следат светиот тим во Македонија и во дијаспората одлична шанса да го следат мечот со Работнички а ние сите други НА СТАДИОН ВО ЖИВО СО ПОДДРШКА да го подржиме нашиот Вардар. Мечот со Шкендија најверојатно нема да ни биде дозволено да патуваме во Куманово па така ова е супер шанса да го проследиме преку малите екрани овој меч за кој се надеваме ќе го играме веќе сигурни шампиони на земјава.
ПРЕНОСИТЕ СЕ ЗАКАЖАНИ:
- Вардар-Работнички среда 6 Мај во 18-00 Собраниски канал
- Шкендија- Вардар недела 10 Мај во 16-30 Собраниски канал