Младинките на Жрк Вардар забележаа нов триумф во првенството, откако денес ги совладаа своите врснички од Куманово. Мечот се играше во С.Р.Ц. Кале и заврши со резултат 24:22 за Вардарки. Најефикасна во нашите редови беше Анастасија Николовска која постигна 7 голови.
-Во Куманово, во првата полусезона одигравме фантастичен натпревар , на кој победивме со девет гола разлика. Денес одлично го започнавме мечот, каде во 15 минута имавме предност од 6:1. Со израмнета игра до крајот на полувремето резултатот се одвиваше нерешено, па на пауза гостинките заминаа со предност од еден гол разлика. Во вториот дел со силна мотивација и ангажираност ја вративме предноста од 1-2 гола разлика и ја одржувавме истата до крајот на натпреварот.
Голманскиот тандем на овој меч го сочинуваа Костовска и Мицевска кои беа едни од најзаслужните за победата.
-Голманките бевме концетрирани и со нашите одбрани ја подигнавме екипата психички, но и преку контри постигнувавме лесни погодоци. Нормално со мали грешки, но сепак сум задоволна од целокупната игра и залагањето на девојките. Задоволна сум и од мојот настап и се надевам дека ја оправдав довербата на тренерот. Исто така и мојата колешка на голот, Јована покажа зошто сме тука. Имаме уште два натпревари во младинската лига. Ќе дадеме се од себе и работиме напорно, за да ја затвориме сезоната на најдобар начин, изјави Олгица Костовска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски