Уште 60 минути не делат до европска титула за екипата на Вардар. Денес со почеток од 18 часот во “Лаксес арената“, Вардар и ПСЖ ќе се борат за трофејот од лигата на шампионите.
Избраниците на Раул Гонзалес играат одлична сезона, а им недостасува уште еден перфектен натпревар за да испишат историја за клубот и за себе. Пред себе ќе имаат квалитетен и тежок противник, во името на ПСЖ. Се работи за екипа, која има го најголемиот буџет во лигата на шампионите, предводена од легендарниот тренер Звонимир Сердарушиќ, кој знае како се освојуваат трофеи од ЛШ, кога со екипата на Кил доминираше во европскиот ракомет и заедно со неговиот помошник и прославен Шведски репрезентативец, Штафан Олсон. Дека се работи за силен тим, говори фактот дека во составот го имаат најдобриот светски ракометар, Никола Карабатиќ и можеби еден од најдобрите десни бекови, данецот Микел Хансен. ПСЖ заврши на второто место во најсилната група А, со само два порази и тоа на гостински терен против екипите на Кил и Барселона. Шампионот на Франција го има и најдобриот напад, за што говори фактот дека двајца нивни играчи се наоѓаат на првите две места на листата на најдобри стрелци, пред одигрување на денешните натпревари. Уве Генсхајмер е недостижен на врвот и со сигурност ќе биде најдобриот стрелец во ЛШ, со 113 голови ќе го започне денешното финале, додека веднаш под него е неговиот соиграч, Микел Хансен, кој има 95 погодоци, со големи шанси да ја задржи оваа позиција. Вардар и ПСЖ имаат меѓусебно имаат одиграно само два натпревари и и тоа во сезоната 2013/14. Тогаш на домашен терен, црвено-црните го изненадија големиот противник, играјќи со нерешен резултат (24:24), додека на гостувањето во Франција загубивме минимално со резултат 35:25. Сепак од тие мечеви, поминаа уште три години, во кои Вардар се повеќе созреваше а има голема разлика и во составите на двете екипи, од таа па се до оваа натпреварувачка сезона. ПСЖ покрај Никола, го има и Лука Карабатиќ кој беше избран за најдобар одбранбен играч, пред одигрување на завршниот турнир, додека за најдобар млад играч беше прогласен уште еден “бисер“ на Францускиот ракомет, се работи за младиот Надеим Ремили, кој вчера против Веспрем постигна три голови. Во најдобриот тим имаше место уште и за Хасен, Карабатиќ и Генсхајмер. Ќе биде интересен и дуелот на голманите. Вардар го има Штербик, додека на спротивната страна ќе биде Омејер. Ова е прво финале за двете екипи во лигата на шампионите и можност за прва европска титула.
Вардар можеби нема големи ѕвезди како ПСЖ, нема индивидуалци, но има има состав кој го краси колективна игра. Сите се наоѓаат во добра форма и гледаат да го дадат својот максимум за секоја минута на теренот, која им ја дава Раул Гонзалес. Покажавме и докажавме дека оваа сезона можеме да се носиме со секого и дека сме страв и почит за секој противник. Цела Македонија денес ќе биде со вас и секој кој е надвор од оваа земја денес ќе го следи вашиот натпревар и ќе држи среќа за победа. Останува да оставиме срце на терен и на крајот да се радуваме, а потоа во Скопје да ве пречекаме како големи херои.