Играчот кој заедно со Абутовиќ, Стоилов и Милиќ се најдолго во Вардар од овој шампионски состав, е секако Игор Карачиќ. Тоа е миленикот на Вардаровите навивачи и популарните Комити, играч кој остава срце на терен на секој натпревар и еден од најзаслужните за напредокот на Вардар во овие пет години. Карачиќ ја имаше својата минута пред Македонскиот народ и го кажа следново
-Незнам што да кажам, заедно сме пет години и живевме сон кој еве го остваривме. Ја покоривме Европа, но без вас немаше да успееме. Уживајте во овие моменти, секоја чест на сите што денес дојдовте да не поздравите.