Како што први објавивме, последното коло од супер-лигата за оваа сезона, екипата на РК Вардар наместо во Велес, ќе го одигра на домашен терен во дуелот со екипата на Борец. Велешани и РФМ наидоа на одобрување на барањето на РК Вардар, последниот меч, оваа сезона да го игра во својата арена, каде ќе ги претстави сите четири освоени трофеи за оваа натпреварувачка сезона. Мечот утре ќе започне од 21 часот, каде не очекува нов навивачки спектакл, сега на трибините. На Вардар му е потреба победа, за да стигне до нова домашна титула во првенството.
-Ги повикувам сите фанови на Вардар, утре во 21.00 часот, сите заедно да ја исполниме С.Ц „Јане Сандански“. Со победа над Борец да заокружиме нова титула во домашната лига и да направиме вистински спектакл, рече директорот на клубот, Давор Стојановски.