Салата Јане Сандански полека се полни, а освоените трофеи, вкупно четири оваа сезона веќе се наоѓаат внатре. Вардар оваа сезона успеа да освои се што можеше да се освои. Тука се двата домашни трофеи ( првенство и куп), од СЕХА-лигата, и оној најважниот и најголемиот од лигата на шампионите. Се очекува ракометарите да пристигнат во салата и да ги поздрават.