Ракометарите на Вардар се крунисаа во старо-нови шампиони на Македонија, откако денес во рамките на последното коло од супер-лигата ја победија екипата на Борец. Тоа беше вкупно 11 првенствена титула во историјата на клубот, што го прави најтрофеен во Македонија. Медалите и трофејот за освоената лига им ги додели претседателот на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов. Трофејот го прими капитенот Стојанче Стоилов.
Инаку вечерва во С.Ц. Јане Сандански беа приложени и останатите трофеи кои ги освоивме во оваа натпреварувачка сезона. Покрај овој последниот кој денес го додадовме во богатата колекција, тука беа и трофејот од купот на Македонија, СЕХА-лигата и оној најголемиот од лигата на шампионите.