Ракометната женска селекција на Македонија речиси и да ги загуби шансите за пласман на СП по високиот пораз во Скопје. Нашите девојки немаа сили за добар натпревар против Шведска, иако во првиот дел одиграа солидно, сепак, во вториот дел селекцијата на Шведска ги искористи сите наши грешки и избразни напади. На крајот бевме поразени со дури 11 голови разлика.
Од редовите на Вардар, Сара Ристовска постигна три погодоци. Покрај Ристовска, во составот беа уште и четири ракометарки од Вардар кои не се запишаа во листата на стрелците.