Во финалето Вардар го совлада ПСЖ и дојде до европска круна. Сепак тоа не е единствен успех над францускиот мултимилионски состав. Да се потсетиме на дуелот одигран во С.Ц “Борис Трајковски“ кој заврши реми. Парижани и тогаш беа тим со буџет од двоцифрен број милиони евра. Вардар беше тим со скромен ростер, во изградба сепак нашето срце беше големо. Тогаш на полувреме заминавме со негатива 9-12. Истата беше на сила се до финишот кога одигравме пеколно и изедначивме. На крајот имавме шут и за победа.
*пеколниот финиш започнува на временски исечок 30мин и 30сек , во тој момент губиме со минус 5 на 7 минути до крај, следеше серија 6-1 на црвено-црните.