Стана вообичаено ракометарите на Вардар да постигнуваат голови во последните секунди, вредни победа. Така беше и на завршниот турнир во Келн, каде погодоците на Циндриќ и Чупиќ ни донесоа Европска титула, а традицијата ја продолжи Данил Шишкарев кој имаше победоносен гол за својата репрезентација, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство, кое во 2018 година ќе се одигра во Хрватска.
Шишкарев ја остави својата репрезентација во борба за второто место, кое води на ЕП. Тој псотигна гол во последните десет секунди. Словачка се обиде да врати со брз центар, постигна гол, кој не беше признат, бидејчи ударот беше упатен после звукот кој објави истек на 60-те минути. Воедно Шишкарев беше и најефикасен стрелец во победата на својата репрезентација, постигнувајќи шест голови.
Погледнете го видеото со голот на Данил Шишкарев.