Матеус Лима Круз денеска пристигна во базата на Вардар во Австрија. Овој бразилски напаѓач го имаше својот прв тренинг и запознавањето со новите соиграчи. Лима доаѓа од редовите на Сантос, во минатото има настапувано за екипата на Кукс во Албанија и за бразилските екипи Операрио, Лувердензе, Гуарани, Спорт Ресифе, Спорт Баруери и Гремио Баруери.
Лима ќе има можност да се докаже низ контролните натпревари на Вардар. Доколку задоволи, ќе потпише договор со првакот на Македонија.