Екипата на Малме од Шведска ќе биде противникот на Вардарци, во рамките на второто квалификациско коло од лигата на шампионите. Ждрепката сакаше силите да ги одмериме со шампионот на Шведска и да ја бараме шансата за пласман во следната рунда од најголемото натпреварување. Тренерот на противникот, Магнус Персон потенцира дека неговиот тим добил тежок противник и дека победникот од овој двомеч ќе се решава на реванш натпреварот, кој најверојатно ќе се одигра во Струмица.
-Прво и основно, добивме тежок противник. Генерално првиот натпревар го играме дома и тој ништо нема да одлучи. Во вакви двомечи, секогаш одлуката паѓа на вториот натпревар, во овој случај на гостински терен во Македонија. Ќе мора да бидеме агресивни и особено претпазливи во дефанзивата,
Тренерот на Малме очекува добар резултат на првиот натпревар, со оглед на добрата поддршка која ја има од своите навивачи.
-Имаме одлична домашна поддршка од публиката. Тоа мора да нѐ води во текот на целата средба. Беше одлично минатата сезона, се надевам така ќе продолжи и во новата.