Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Прв тест на летните подготовки ни е мечот со австрискиот бундеслигаш Адмира
Прв тест на летните подготовки ни е мечот со австрискиот бундеслигаш Адмира

Прв тест на летните подготовки ни е мечот со австрискиот бундеслигаш Адмира

Вардар утрово го дозна противникот во ЛШ, за тој меч нашите момци се подготвуват во Австрија. Прв противник на црвено-црните на подготовките ќе биде австрискиот бундеслигаш Адмира Вакер Медлинг. Натпреварот ќе се игра на 21 јуни (среда) со почеток во 18 часот, на стадионот „БСФЦ“ Арена во Мариа Енценрсдорф (во близина на Виена), на теренот каде што овој тим како домаќин ги игра натпреварите во првенство.

Нашиот ривал Адмира е тим кој изминатата сезоона  во првенството на Австрија ја заврши како шестопласиран тим со 13 победи, седум нерешени средби и 16 порази, освојувајќи на крајот 46 поени. Нашиот ривал играше изминатата сезона и во европските купови, тие настапија  во Лигата на Европа, каде што стигна до 3. квалификациско коло. Претходно го  елиминираа Спартак Мијава од Словачка и Капаз од Азербејџан.  Оваа екипа има освоено девет титули првак на Австрија, и шест пати го освоил Купот на оваа земја. Тимот е основан 1905 година. Следниот натпревар Вардар ќе го игра на 25 јуни, а за противникот и за местото на одигрување дополнително ќе има информација.