Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Персон: Одлуката за победникот ќе падне на реванш натпреварот во Македонија
Персон: Одлуката за победникот ќе падне на реванш натпреварот во Македонија

Персон: Одлуката за победникот ќе падне на реванш натпреварот во Македонија

Екипата на Малме од Шведска ќе биде противникот на Вардарци, во рамките на второто квалификациско коло од лигата на шампионите. Ждрепката сакаше силите да ги одмериме со шампионот на Шведска и да ја бараме шансата за пласман во следната рунда од најголемото натпреварување. Тренерот на противникот, Магнус Персон потенцира дека неговиот тим добил тежок противник и дека победникот од овој двомеч ќе се решава на реванш натпреварот, кој најверојатно ќе се одигра во Струмица.

-Прво и основно, добивме тежок противник. Генерално првиот натпревар го играме дома и тој ништо нема да одлучи. Во вакви двомечи, секогаш одлуката паѓа на вториот натпревар, во овој случај на гостински терен во Македонија. Ќе мора да бидеме агресивни и особено претпазливи во дефанзивата,

Тренерот на Малме очекува добар резултат на првиот натпревар, со оглед на добрата поддршка која ја има од своите навивачи.

-Имаме одлична домашна поддршка од публиката. Тоа мора да нѐ води во текот на целата средба. Беше одлично минатата сезона, се надевам така ќе продолжи и во новата.