Вардарци го комплетираа вториот ден од подготовките во Австрија. Од вчера, шампионот на Македонија додаде на темпо, се тренира по два пати на ден, еднаш рано изутрина и потоа попладне. Условите за тренинг во Австрија се одлични, веќе утре Вардар ќе го одигра првиот тест дуел, против тимот на Адмирa.