Wednesday ,06 July 2022
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Преглед на сезоната за младинците на ФК Вардар, кои освоија второ место во лигата и стигнаа до полуфиналето на купот
Преглед на сезоната за младинците на ФК Вардар, кои освоија второ место во лигата и стигнаа до полуфиналето на купот

Преглед на сезоната за младинците на ФК Вардар, кои освоија второ место во лигата и стигнаа до полуфиналето на купот

Младинците на ФК Вардар оваа сезона останаа без трофеј, освојувајќи го само второто место во првенството, додека во купот испаднаа во полуфиналето. Натпреварувачката сезона 2016/17 ја завршивме со 17 победи, 2 нерешени резултати и 3 порази. Единствено загубивме на мечевите одиграни на гостински терен, против екипите на Шкупи, Ренова и оној против Шкендија, кој беше решавачки во борбата за трофејот. На крајот вкупно 53 освоени бодови, или шест помалку од екипата на Шкендија, која заврши на првото место. Постигнавме вкупно 73 голови, додека примивме 14.

Сите постигнати резултати за младинскиот состав, предводен од Љупчо Марковски, за оваа сезона во лигата:

1 коло: Вардар – А.Пандев 1:0

2 коло: Пелистер – Вардар 1:3

3 коло: Вардар – Милано 3:0

4 коло: Победа – Вардар 1:4

5 коло: Вардар – Брегалница 3:0.

6 коло: Гостивар – Вардар 0:7

7 коло: Вардар – Работнички 1:0

8 коло: Металург – Вардар 0:5

9 коло: Вардар – Шкендија 3:2

10 коло: Шкупи – Вардар 1:о

11 коло: Вардар -Ренова 5:0

12 коло: Академија Пандев – Вардар  1:1

13 коло: Вардар – Пелистер 5:0

14 коло: Милано – Вардар  0:0

15 коло: Вардар – Победа  3:0

16 коло: Брегалница – Вардар  0:4

17 коло: Вардар – Гостивар  9:1

18 коло: Работнички – Вардар  0:3

19 коло: Вардар – Металург  8:2

20 коло: Шкендија – Вардар  3:0

21 коло: Вардар – Шкупи   5:1

22 коло: Ренова – Вардар  1:0

Во националниот куп, стигнавме до полуфиналето, каде бевме елиминирани во двомечот од екипата на Академија Пандев.

Куп 1/8: Вардар – Шкендија 1:0

Куп 1/4: Вардар – Ренова 4:0

Куп 1/4: Ренова – Вардар 2:3

Куп 1/2: Академија Пандев – Вардар 2:0

Куп 1/2: Вардар – Академија Пандев  1:1

Што се однесува до листата на најдобри стрелци во оваа екипа, неа ја предводи Ердон Даци, кој има постигнато вкупно 20 голови. Во конечната листа на стрелци, се земаат предвид головите од двете натпреварувања:

430-660x330

1. Ердон Даци 20

2. Александар Најдоски 11

3. Виктор Димков 9

4. Есмин Личина 7

5. Едис Хамзиќ 6

6. Дарко Додевски 5

7. Теодор Димитровски 4

8. Јасир Беќири и Александар Трајчевски по 3

9. Андреј Ричков,  Филип Стојчевски, Берат Исмаил и Бојан Колевски по 2

10. Оливер Дишлиевски,  Ристо Папуџиев , Берат Исмаил и Дејан Маркоски по 1.

Младинската екипа на Вардар беше прва во историјата на Македонскиот фудбал, која имаше можност да биде дел од лигата на шампионите, каде во квалификациите бевме елиминирани од Салсбург, кој подоцна стана и шампион на Европа.