Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Историја > Далечната 1952г. Малме си замина од Градски со полна мрежа, Вардар триумфирал на единствениот меч со овој противник во историјата
Далечната 1952г. Малме си замина од Градски со полна мрежа, Вардар триумфирал на единствениот меч со овој противник во историјата

Далечната 1952г. Малме си замина од Градски со полна мрежа, Вардар триумфирал на единствениот меч со овој противник во историјата

Фудбалскиот клуб Вардар во текот на вчерашниот ден  во ждрепката на УЕФА, го доби шведскиот тим Малме како противник во  Лигата на шампионите. Првиот меч го играве в гости, а вториот го играме како домаќин, желбата е долго европско црвено-црно лето оваа година.

 Нема да им биде прв пат во историјата на Вардар да играат со овој противник, овие два тима се сретнале на тест-меч пред 65 години. По само пет години од формирањето на ФК Вардар,  во 1952 година во месец декември, во Скопје се одигра пријателски натпревар помеѓу Вардар и Малме. Полните биле трибини на Градскиот стадионот, црвено-црните тогаш дојдоа до победа од 3:1.

malmal2

 Под “палката“ на легендарниот Кирил Симоновски – Џина, Вардар истрчал со  следниот состав: Видиниќ, Кокиновски, Д. Георгиевски, Лазаревски, Новаков, Јаневски, Миланов, Геров, Велковски, П. Георгиевски, Цинциевски.  Голем број од овие наведени играчи, се фудбалери кои што во славната 1947 година почнаа да ја испишуваат историјата на клубот.