Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Раул првпат ја однесе Македонија на ЕП како лидер на група, во ждрепката сместени сме во вториот “шешир“
Раул првпат ја однесе Македонија на ЕП како лидер на група, во ждрепката сместени сме во вториот “шешир“

Раул првпат ја однесе Македонија на ЕП како лидер на група, во ждрепката сместени сме во вториот “шешир“

Машката ракометна репрезентација на Македонија по петти пат се пласираше на завршниот турнир на ЕП, и при тоа освојувајќи го првото место во квалификациската група. Тренер на Вардар, Раул Гонзалез и капитенот Стојанче Стоилов беа дел од успехот. Шпанецот е прв селектор кој успеал како лидер на група да не пласира на континентален собир.

Македонија во последниот меч од квалификациската група ја победи Чешка со високи 33-20  и така на убедлив и доминантен начин го освои првото место. Уште пред почетокот на натпреварот беше јасно дека без разлика на резултатот Македонија сигурно ќе игра на ЕП, но мотивот беше да се биде прв во групата за да бидеме подобро рангирани во ждрепката што е закажана за 23 јуни во Загреб.

 Раул Гонзалез откако ја презеде репрезентацијата нашите ракометари постигнаа две победи, против Исланд и Чешка, едно реми со Украина на гости, и минимално бевме поразени на гостувањето во Исланд. Ракометната машка репрезентација на Македонија е сместена во вториот барабан во ждрепката за ЕП 2018 година, а таму се уште и репрезентациите на Данска, Белорусија и Шведска. Тоа значи дека тие репрезентации неможе да ни бидат ривали во првата групна фаза од ЕП. Домаќинот на ЕП, Хрватска однапред реши дека репрезентацијата на Словенија своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Загреб, Унгарија ќе игра во Вараждин, Хрватска ќе игра во Сплит а Норвешка во Пореч. Најдобрите три репрезентација од секоја група продолжуваат во главната фаза каде се пренесуваат бодовите од репрезентациите со кои играле во групната фаза. Натпреварите од главната фаза ќе се играат во Загреб и Вараждин.

Барабани за ждрепката за групите на ЕП 2018
Барабан 1: Германија, Шпанија, Хрватска, Франција
Барабан 2: Данска, Белорусија, Шведска, Македонија
Барабан 3: Норвешка, Србија, Црна Гора, Чешка
Барабан 4: Унгарија, Словенија, Австрија, Исланд