Четврти јуни ќе биде запаметен како најголем ден во историјата на ракометниот клуб Вардар. На овој ден црвено-црните успеаа да направат подвиг и да ја освојат европската титула. За неполни два часа, избраниците на Гонзалес ги победија екипите на Барселона и ПСЖ и се радуваа на трофејот. Во Келн, Вардар не беше сам и ја имаше поддршката од своите навивачи.
Преку видеово погледнете ја реакцијата на црвено-црните фанови, по победничкиот гол на Чупиќ вреден трофеј и дел од славјето во “Лаксес арената„.