Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар, родени “2007“ втора година по ред успеаа да станат шампиони на Македонија. Вардар (1) го повтори успехот од минатата сезона и го освои првото место во детската лига, додека нивните соиграчи од Вардар (2) на крајот беа освојувачи на бронзениот медал. Оваа генерација постигна најмногу погодоци од сите екипи на Вардар, кои оваа сезона се натпреваруваа во детската лига, избраниците на Зоран Петковски преку цела сезона имаа 436 голови. Што се однесува до листата на најефикасни играчи, неа ја предводи Стефан Младеновски, кој исто така втора година по ред го има приматот на најдобар стрелец. Тој минатата сезона заедно со Петар Мицевски го делеа првото место со по 43 погодоци. Оваа сезона, Младеновски ја надимина оваа бројка и зад своеото име забележа 57 голови, што го прави најдобар во оваа генерација. Стефан беше прогласен исто така и за најдобар стрелец на завршниот турнир во детската лига.
Ова е листата на стрелци кај генерацијата “2007“ на ФК Вардар, во сезоната 2016/17:
1. Стефан Младеновски 57
2. Александар Грашески 51
3. Никола Јовановски 45
4. Златко Радески 36
5. Борјан Томовски 28 и Емир Шаботиќ по 28
6. Петар Мицевски и Петар Котевски по 25
7. Драган Лебариќ 24
8. Марко Киш 18
9. Војо Стојановски 16
10. Филип Кузаревски 14
11. Милош Спасовски 11 и Лео Манчев 11
8. Кристијан Јаковчевски 10
9. Марко Крстевски 6
10. Младен Тарчуловски, Димитар Фидановски и Михаил Крстески по 4 голови.