Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Искусната и трофејна Полина Кузнецова ново засилување за Вардар
Искусната и трофејна Полина Кузнецова ново засилување за Вардар

Искусната и трофејна Полина Кузнецова ново засилување за Вардар

Црвено-црниот женски ракометен колектив ќе добие супер засилување на левата крилна позиција. Како што официјално објави ракометниот сојуз на Русија, трофејната  руска ракометарка Полина Кузнецова потпиша двегодишен договор со ЖРК Вардар каде ќе се обиде да помогне да дојдеме до прва титула европски шампион.

Таа минува кај нас како слободен играч од Краснодар каде ги бранеше боите на Кубан. На олимписките игри во Рио беше прогласена за најдобро лево крило на ракометниот турнир, покрај ова таа беше дел и од олстар тимот како најдобро лево крило на Светското првенство 2007 и Европското првенство 2012 година.