Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во недела против Тосно

Вардар во недела против Тосно

Познат е и последниот тест за Вардар на подготовките во Австрија. Во недела “црвено – црните” ќе одиграат против руски тим. Не станува збор за ЦСКА Москва како што се очекуваше, тука за екипата на Тосно.

Тосно изминатава сезона се избори за пласман во првата лига пласирајќи се на втората позиција на табелата во втората руска лига одма зад тимот на Динамо Москва. Иако е нов прволигаш, Тосно располага со интересен тим. Во овој руски тим настапува Милевски, украинецот кој можеше во минатото да го облече дресот на Вардар.

Овој натпревар ќе биде последен на летните подготовки во Австрија за Вардарци.