На тест натпреварот против Матерсбург нашиот Вардар можеше да го избегне поразот, доколу погодеше некоја од шансите кои ги имаше пред се во текот на вториот дел. Свое видување за натпреварот за вардаровиот сајт даде бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе. Овој дуел беше прв одигран пријателски меч за него на летните подготовки во Австрија.
Не бевме на нивото во првите триесетина минути од натпреварот. Во финишот од првиот дел, и во второто полувреме игравме далеку подобро. Меѓутоа потоа примивме еден, така да кажам, случаен гол. После тоа имавме барем 5-6 шанси да постигнеме гол. Не ги искористивме нашите прилики, и на крајот сме поразени. Мислам дека не заслуживме пораз, но треба во иднина да ги користиме овие шанси кои што ни се укажуваат. Мораме добро да се подготвиме за предизвиците во Лигата на шампионите против Малме, и секоја шанса која што ќе ни се пружи на тие натпревари, да ја користиме. Таму може да имаме 2-3 прилики кои што ќе мора да бидат претворени во гол. Остануваат уште неколку дена од подготовките, уште еден контролен меч на кој што се надевам дека ќе успееме да победиме и во добра атмосфера да се фокусираме кон предизвиците во Лигата на шампионите.